Првата сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп, Ивана Трамп (72), дојде во Загреб да направи операција на очите.

На ваква операција во Загреб претходно дојдоа и Арманд Асанте, Франко Неро, Раде Шербеџија и други.
„За врвната офталмолошка клиника во Загреб ми раскажуваа пријатели од Њујорк кои веќе биле оперирани овде и кои имаат само пофални зборови за услугата и стручните лица. Кај нив забележав дека операцијата им го подигна квалитетот на живот, па по прегледот чекав погоден момент да се оперирам и јас“, вели Ивана Трамп по операцијата.
Додаде дека операцијата била брза и безболна и дека сега не мора да користи очила.
„ИМам сосема подруг и поубав поглед на светот кој сега повторно го откривам“, вели Ивана Трамп.