Таткото на Сала почина од тага по својот син

од desk2
139 прегледи

Три месеци по авионската несреќа во која животот го загуби аргентнскиот фудбалер Емилијано Сала се случи нова трагедија во семејството откако утрово ненадејно починал неговиот татко Хорацио на 58-годишна возраст.

2019 продолжува да ни носи шокантни вести. Утрово во 5 часот, ми се јави неговата партнерка која беше испаничена. Докторите интервенирале, но кога јас пристигнав во нивниот дом, тој веќе беше починат, изјавил Хулио Милер, пријател на семејството.

Горацио доживеал тежок срцев удар, а повеќе од очигледно било дека ненадејната смрт на неговиот син никако не можел да ја поднесе.

Тешко го погоди смртта на Емилијано, не можеше да се помири. За многумина од нас, целата приказна завши кога го пронајдоа телото. Но за него не… сите тие стории дека пилотот ја немал потребната лиценца, расправијата помеѓу клубовите дали треба да платат или не… За нив агонијата продолжи.

Емилијано Сала живтот го загуби пред три месеци кога авионот со кој патуваше од Нант за Кардиф, каде требаше да почне нова фудбалска авантура, се урна во Англискиот канал.