Затвореник за настаните од 27 април од затвор агитира за Сиљановска

од Марта Пешевска
149 прегледи

гордана

Осудениот за настаните од 27 април, Јане Ченто, од затвор каде ја одлежува казната, агитира за кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска. Тој на социјалната мрежа Фејсбук испрати порака до оние што го бојкотираа првиот круг од изборите велејќи дека поради нив излезноста беше само 42 отсто од гласачите.

Јане Ченто повикува да нема бојкот и на 5 мај да се излезе и да се гласа за кандидатот Гордана Сиљановска.

Фејсбук статусот на Јане Ченто иако беше објавен по некое време од некакви причини ,  беше избришан.