ПО измамата, ОДЗЕМАЊЕ НА ЛИЦЕНЦАТА НА АГЕНЦИЈАТА „ОРФЕЈ“!

од Марта Пешевска
270 прегледи

Од Државнит пазарен инспекторат велат дека за случајот со 12 македонски државјани кои се оставени на улица во Кападокија,Турција слушнале од ТВ24. Од ДПИ информираат дека доставиле предлог до Министерството за економија за одземање на лиценцата на туристичката агенција „Орфеј“.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски за ТВ24 вели дека нон – стоп имаат проблеми и претставки со оваа туристичка агенција.

Дури пред 1.5 месец доставиле предлог опомена до Министерството за економија за одземање на лиценцата. Но, проблем било тоа што оваа агенција која е во сопственост на маж и жена ја затворале агнцијата на едно место, а додека на друго ја отворале повторно.

Пауновски вели дека имале издадено многу решенија против агенцијата Орфеј

До сега  никогаш немала оставено туристи на улица и секогаш си ги плаќала казните и ги обештетувала туристите.

Познато е дека оваа агенција постојано ги изигрувала граѓните, имало со години многубројни реакции, но секогаш и се прогледувало низ прсти.

На секои реакции на неисполнетото за платеното , за измамите од агенцијата Орфеј арогантоно одговарале, за тие пари толку. Конечно се очекува инспекторатот да го санкционира ваквото однесување, и да застане на страната на граѓаните, а не на измамите.