Доминик Тим ја потврди одличната форма во Барселона, па откако го елиминираше првиот фаворит Рафаел Надал, денеска во два сета (6:4/6:0) го доби и финалето против Данил Медведев.

Русинот испорача посериозен отпор во првиот сет кој Тим го доби со 6:4, но потоа следуваше вториот сет во кој Медведев не успеа да освои ниту еден гејм и мораше да го признае поразот од многу подобриот противник.
Тим стана првиот Австриец кој победил во Барселона по Томас Мустер во 1996 година, а за него ова е 13-та АТП титула во кариерата./Derbi