(видео) Манекен почина на модна писта на недела на модата во Сао Паоло

од desk2
198 прегледи

На моделот кој учествувал на неделната ревија на модата во Сао Паоло одеднаш му се слошило и потоа паднал и починал на модната писта.

Како што јавуваат бразилските медиуми, иако итно е префрлен во болница, лекарите единствено можеле само да ја констатираат смртта на 26 годишниот Талес Соарес.

Како што пренесуваат медиумите во Бразил, во прв момент се чинело дека Соарес се сопнал поради своите сандали, па во почетокот публиката помислила дека неговиот пад е дел од шоуто.