Средбата во Берлин не е нов формат на дијалог меѓу Белград и Приштина, бидејќи дијалогот не постои. Позицијата на Србија останува непроменета – да го признае Косово е невозможна мисија, изјави денеска министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.

– Тие не зборуваат за дијалог, дијалогот за нив е ние да го признаеме Косово. Нашата позиција е непроменета – да го признаеме Косово тоа е невозможна мисија, нагласи Дачиќ.
Според него, форматот на средбата во Берлин бил неадекватен бидејќи „Западен Балкан нема што да кажува за односите меѓу Белград и Приштина“.
– Приштина сака да го убие дијалогот. На нив им треба признавање. Може колку сакате да има состаноци, но ако нешто не е во интерес на Србија, Србија тоа никогаш нема да го прифати. Од нивниот список на желби нема ништо,нагласи Дачиќ во интервју за РТС.