Повеќе од 100 Албанци се бореа за “Исламска држава”

од Марта Пешевска
129 прегледи

Во периодот 2011-2015 година, повеќе од 100 албански државјани се бореа на страната на терористичката група Исламска држава во кризните зони во Ирак и Сирија.

Смртта на најмалку 25 од нив е потврдена, но неофицијално, според медиумите, бројот е над 30.

Се уште има 52 албански државјани, жени, деца и постари лица во воените зони во двете земји од Блискиот Исток, но бројот на мажи е непознат.

“Во Ирак и Сирија имаме најмалку 52 албански државјани, од кои 30 жени, 16 деца и 6 возрасни. Што се однесува до бројот на мажите, имаме уште еден извештај кој очекуваме да go потврдиме со соодветните служби таму “, рече директорот на Центарот за координација против насилниот екстремизам Агрон Соја .

Тој додаде дека во горенаведениот период околу 40.000 странци се приклучиле на ИД, од кои 1.000 луѓе од балканскиот регион.