Ограбена скопската зоолошка градина

од Марта Пешевска
231 прегледи

Синоќа била ограбена скопската Зоолошката градина. Ма социјалните мрежи , граѓаните со подбив, дали можеби украле, мајмун, пингвин или го украле слонот.!?

 

Сепак украден е голем дел од алатот со кој се одржува градината и причинета е поголема материјална штета вели за СДК директорот на Зоолошка Ѓорѓи Галетановски.

Крадците доцна вечерта влегле во Зоолошката прекачувајќи се преку оградата од паркот, во делот кај тениските терени „АБЦ“. Чуварот утрово кога вршел проверка низ градината забележал дека магацинот каде се чува алатот и ограбен и однесен голем дел од алатите.