И маче прошета по пистата на ревија на Кристијан Диор (видео)

од Vladimir Zorba
136 прегледи

За време на модна ревија на Кристијан Диор Круз во Маракеш, Мароко, на огромната модна писта се појави и ненајавен гостин – мачка, којашто со својата ноншалантност и елеганција ја освои публиката.

Мачето се појави во моментот кога моделите на крајот од ревијата излегоа на сцената да се поклонат пред публиката. Се чини, симпатичното животинче им ја украде славата, одејќи во спротивен правец од нив.

Лежерното дефиле и спонтаноста на мачето станаа хит на интернет.

https://www.youtube.com/watch?v=0muR8cbztZs