
Сите гласови што ги доби си ги препиша на својата личност.
Таа е задоволна од улогата што ја одиграла.
Народот ја запознал Гога и ја подмладил.
Таа признава дека не е победник ама мисли дека не изгубила.
Нема срце да му го спомене името на победникот и да му честита на победата.
И во центарот на партијата што и даде шанса да се рекламира како политичар вели дека победила партитократијата.
Таа за жал почна и заврши како селска учителка која сите граѓани ги замислува како дечиња на кои треба да им држи лекции и да ги подучува. За таква цел го искористи вечерва и прошталниот говор.
Со тоа што неа граѓаните не ја избрале значело дека не била направена промена. А тие барале промена.
Се на се. Таа си поминала многу убаво и и било многу интересно.
Дури забавно.
Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов