Приштина подготви резолуција: Србија да го признае геноцидот

од Марта Пешевска
169 прегледи

Комисија на косовското Собрание подготви нацрт резолуција со која од властите во Белград ќе бара да го „признаат извршениот геноцид“ на Косово во 1998-1999 година.

– Србија мора да прифати дека на Косово извршила геноцид и мора да ги казни извршителите и да ја надомести штетата, јави Танјуг повикувајќи се на приштинскиот весник „Коха“, кој, како што тврди, имал увид во нацрт документот.

Нацрт резолуцијата, која содржи факти за наводни злосторства на Србите, многу наскоро ќе се најде на седница на Парламентот.

За документот прво ќе се изјасни надлежна комисија.