За прв пат по шест години финале во ЛШ без Меси и Роналдо

од desk4
94 прегледи
   Натпреварот за трофејот во фудбалската Лига на шампиони за прв пат по 2013 година ќе помине без во него да учествуваат  петкратните освојувачи на „Златната топка“ Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Кристијано Роналдо со својот Јувентус загуби Ајакс во четвртфиналето (1: 1, 1:2), додека Меси со Барселона не успеа да го мине Ливерпул во полуфиналето и покрај победата од 3:0 во првиот натпревар. Синоќа во реваншот Каталонците загубија со 4:0.

Во финалето ќе играат Ливерпул и подобриот од двочемечот Ајакс – Тотенхем.

Роналдо освои четири од последните пет Лига на шампиони. Португалецот триумфираше со Реал Мадрид во 2014, 2016, 2017 и 2018 година.

Меси со Барселона победи во финалето во 2015 година.