Меган Маркл на Денот на мајките објави симпатично фото со синот Арчи

од desk2
137 прегледи

 

Војвотката од Сасекс, Меган Марк, денеска го прослави својот прв Ден на мајката, и тоа само шест дена по породувањето, а по тој повод објави фотографија со синот Арчи.

На фотографијата се ножињата на малиот принц во рацете на својата мајка.

Во описот има честитка до сите мајки.

„Денеска оддаваме чест на сите мајки – оние од минатото, оние од сегашноста, идните мајки и оние кои се изгубени, но никогаш заборавени. Ги почитуваме и славиме секоја од нас. Денеска е Ден на мајката во САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка, Кенија, Јапонија и неколку земји ширум Европа“, пишува во постот.

На крајот има стихови од песна на поетот Најирах Вахид кои велат: „Мојата мајка беше мојата прва земја, прво место на кое живеев“.

https://www.instagram.com/p/BxXS3l4pz2j/?utm_source=ig_embed