Инспириран од приказната на Нора Монсекур и нејзиното искуство во постапката да стане успешна балерина, режисерот Лукас Донте го искористува повеќегодишното дружење со Нора (трансродова балерина) и сними филм кој е номиниран за наградата Златен Глобус за најдобро странско остварување.

Лара, со подршка на својот татко, во потполност се посветува на својата цел во новото школо. Меѓутоа нејзините тинејџерски фрустрации и нетрпение почнуваат да растат по што ќе свати дека нејзиното тело се спротивставува на строгата дисциплина затоа што е родена како момче.
Филмот за првпат е прикажан во Кан во 2018 година во селекција на Извесен Поглед, во кој освои 4 награди: Најдобар актер (Виктор Постер), Златна Камера за режисерот Лукас Донте, ФИРПЕСКИ и Квир Палм.

„Девојка” е прикажуван на повеќе од 30 фестивали и освои преку 20 награди, а најголем успех постигна актерот Виктор Постер чија неверојатна интерпретација на петнаесетгодишната Лара е доволна причина овој филм да не се пропушти.
Филмот се наоѓа во редовниот репертоар во домашните кина од четврток 16 мај.