167
Тамара Тодевска ја претстави нашата земја настапувајќи 17-та на втората полуфинална вечер на овогодинешното издание на фестивалот Евровизија.
Таа ја отпеа песната „Proud“ беспрекорно, со широка насмевка и многу емоции, за што доби бурни овации од публиката.
На сцената стоеше сама, во зелена тоалета креирана од македонскиот дизајнер Ношпал.
Во моментов трае гласањето и сме во исчекување на победниците од оваа вечер, кои ќе настапат во големото финале.
Настапот на нашата претставничка можете да го погледете во видеото подолу.