За првпат по 7 години нашата земја се пласираше во финалето на Евровизија.
Тамара Тодевска со извонредната изведба на “Proud“ на втората полуфинална вечер ја потврди фаворитската позиција и ни обезбеди место на финалето во сабота за избор на песна за Евровизија.
Тамара се појави на сцената во Тел Авив во зелена креација на Ношпал под реден број 17. Како изгледаше настапот, погледнете во видеото ТУКА.