(ВИДЕО) Тамара отпеа беспрекорно на втората полуфинална Евровизиска вечер

од Vladimir Zorba

Тамара Тодевска ја претстави нашата земја настапувајќи 17-та на втората полуфинална вечер на овогодинешното издание на фестивалот Евровизија.

Таа ја отпеа песната „Proud“ беспрекорно, со широка насмевка и многу емоции, за што доби бурни овации од публиката.

На сцената стоеше сама, во зелена тоалета креирана од македонскиот дизајнер Ношпал.

Во моментов трае гласањето и сме во исчекување на победниците од оваа вечер, кои ќе настапат во големото финале.

Настапот на нашата претставничка можете да го погледете во видеото подолу.

Слични содржини