Сончево со умерена облачност и со услови за краткотраен дожд

од Марта Пешевска
140 прегледи

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, со услови за краткотраен дожд на северозапад.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13 степени, а дневната температура од 15 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно стабилно и суво. Утринската температура ќе достигне до осум степени, а дневната температура до 25 степени.

Од четврток попладне до петок до крајот на денот ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места, особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни.