Експерти: Да се бориме против климатска катастрофа со драстично пократки работни недели

од desk4
121 прегледи

 Луѓето низ цела Европа ќе мора да работат драстично помалку часови за да се избегне катастрофално затоплување на климата, освен ако не се дојде до радикално запирање на користењето на фосилните горива и декарбонизирање на економијата. Ова го покажува новото истражување, цитирано од „Гардијан”.

Истражувањето, спроведено од експертската група „Аутономи“, покажува дека работниците во Велика Британија ќе мора да се префрлат на 9-часовни работни недели, за да може земјата да има шанса да избегне затоплување над 2 степени Целзиусови под сегашните нивоа на исфрлање на штетни гасови во атмосферата. Слични намалувања се утврдени како потребни во Шведска и Германија.

Констатациите се базираат на податоци на ОЕЦД и ОН за емисиите на штетни гасови за секој индустриски сектор во трите земји. Студијата покажа дека во сегашните нивоа на штетни гасови, и трите земји ќе мора драстично да го намалат работното време, како и дека треба да се преземат итни мерки за декарбонизирање на економијата, за да се спречи колапс на климатските услови.