Кире Лазаров откри во кој тим ќе ја заврши кариерата

од desk2
103 прегледи

Македонскиот легендарен ракометар, Кире Лазаров во ексклузивно интервју за босанскиот медиум „Независни новини“ даде одговор на неколку прашања меѓу кои и тоа каде ќе ја заврши кариерата.

Лазаров низ кариерата со огромен успех ги носеше дресовите на Веспрем, Загреб, Атлетико Мадрид, Барселона и сега во последно Нант, а за таблоидот од Босна откри дека со сигурност кариерата ќе ја заврши во Нант.

Ќе ја завршам кариерата во Нант, тоа е сигурно. Речиси сигурно ќе останам во спортот, во ракометот. Имам неколку опции во главата и времето ќе покаже за кој пат ќе се одлучам, -истана Лазаров.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација не пропушти прилика да проговори и за иднината на репрезентативниот ракомет во Македонија и за неговото минато во дресот со државниот грб

Неколку пати бевме блиску до полуфинале. Националниот дрес го носам од 1997 година и многу сум горд на тоа. Македонија е ракометна земја и тоа треба да се негува. Луѓето во Македонија го сакаат ракометот. Реков дека верувам во чуда и тежнеам кон тоа. Македонија има нови генерации кои се талентирани и им треба наша помош.

Мојата земја многу направи во ракометот оваа деценија, а и во иднина ќе биде уште подобра. На народот кој го сака спортот и посебно ракометот не смееш да им го скратиш тоа уживање, -заврши Лазаров.