Уште кои празнични денови ни останаа до крајот на годината

од Марта Пешевска
121 прегледи

Имаме продолжен викенд. Македонија го празнува денот на Светите браќа Кирил и Методиј кои се основоположници на словенската писменост.

Согласно Законот за празници петокот беше неработен ден, што овозможи продолжен викенд.

После овој празник, следен неработен ден е вторник, 4 јуни, Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

Ова се неработните денови во 2019 кои ни останаа:

04 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

2 Август (петок), Ден на Републиката

8 Септември (понеделник), Ден на независноста

11 Октомври (петок), Ден на народното востание

23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.