Секој од дванаесетте хороскопски знаци има барем една лоша навика во врската. Кога веќе ќе знаете што е тоа можеби ќе се обидете да ги промените работите во поинаков правец.

Овенот бега од врска кога ќе му стане досадно, Лавот сака да му наредува на партнерот, Скорпиите се љубоморни и посесивни, а Стрелецот го запоставува партнерот.
Но, тоа не е сè, еве кои се најлошите навики на хороскопските знаци додека се во врска:
Овен
Кога ќе му стане досадно или кога работите не се одвиваат како што сака, Овенот бега од врската.
Бик
Кога ќе пронајде доволно стабилен партнер со кој му е пријатно, Бикот се префрла во состојба на хибернација. На него му е фино, но на партнерот му е многу досадно.
Близнаци
Близнаците ја саботираат секоја врска, дури и кога е сè во ред. Како во себе да имаат злобен близнак кој намерно создава проблеми. Зошто? Па, никој не знае.
Рак
На Раковите им е потребно внимание и некој постојано да ги оспипува со љубов и комплименти, а од друга страна, потребно им е време само за нив. И сето ова го сакаат истовремено и одеднаш.
Лав
Не само што мислат дека нивните идеи се најдобри во светот, Лавовите имаат и потреба да им наредуваат на луѓето со кои се во врска, мислејќи дека едноставно не постои подобра опција од онаа кој ним им се допаѓа.
Девица
Перфекционизмот е најголемата мана на луѓето родени во знакот на Девица, но тие тоа го сметаат за доблест. Нагласувањето на работите кои не се добри кај партнерот не им е само хоби туку се раѓаат со тоа.
Вага
Толку се пристапни и комуникативни што понекогаш забораваат на личноста со која излегуваат. Флертуваат до бескрај.
Скорпија
Скорпијата мисли дека му покажува лојалност и безусловна љубов на партнерот, а всушност е многу посесивна, љубоморна и агресивна.
Стрелец
Нивната сестраност ги влече на сите страни, затоа го запоставуваат партнерот. Стрелците не гледаат проблем во тоа, бидејќи се занимаваат само со работи кои во моментот ги интересираат.
Јарец
Јарците сакаат да вложат труд во своите цели, но често забораваат да се опуштат и покажуваат неразбирање кон партнерот кој понекогаш сака само да ужива во животот.
Водолија
Водолиите обожуваат да ги шармираат луѓето и да ги наведат да се заљубат во нив, дури и кога немаат намера да остварат ништо повеќе од пријателство.
Риби
Рибите даваат љубов со четири раце, а кога станува збор за караниците редовно се повлекуваат и чекаат работите сами да се решат. Поради тоа делуваат прилично досадно во врска, не може секогаш сè да биде убаво и прекрасно.