Поранешниот премиер на Романија, Ливиу Драгнеа, лидер на владејачката Соцјалдемократска партија, кој важи за еден од најмоќните политичари во земјата, сам се пријави на отслужување на затворската казна од 3,5 години.
Тој е осуден за злоупотреба на службената должност и корупција, односно дека го употребил неговото влијание за да обезбеди лажни работни места за две жени од неговата партија.
