Од сон на јаве“ – самостојна изложба на Иван Серафимов

од Марта Пешевска
173 прегледи

Во Кинотеката вечер од 19 часот ќе биде отворена прва самостојна изложба на Иван Серафимов, насловена „Од сон на јаве“, која ќе може да се посети до 2 јуни.

Македонската народна носија го поттикнала да ја пренесе на дрво како слика. Црта пафти и ги украсува со копаничење и акрилни бои. Пред 30 години почнал да изработува касели – дел македонската семејна традиција за носење на невестинскиот чеиз, а  предизвик за неговите слики е и богатата македонско-црковна орнаментика.

 Иван Серафимов (Скопје, 1943) учествувал во формирањето секција за уметничко домашно ракотворење во Здружението на занаетчии во 2001 година и бил прв претседател. Како член на АТА, а потоа и на МАТА, учествувал на групни презентации во повеќе градови во земјава, како и во Сараево и Букурешт.