Финалето на Лигата на шампионите ќе започне со минута молчење во спомен на Рејес

од desk2
106 прегледи

Финалниот натпревар во Лигата на шампионите меѓу Тотенхем и Ливерпул ќе започне со минута молчење поради смртта на Хозе Антонио Рејес, кој почина во сообраќајна несреќа, објави пресс-службата на УЕФА.

Фудбалерот денеска го загуби животот на 35 годишна возраст.

Рејес играше за Севиља, Реал, Арсенал, Атлетико, Бенфика, Еспањол и други клубови. Имаше и 22 настапи за репрезентацијата на Шпанија и четири постигнати гола.