Федерер фуриозно до пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос

од desk2
60 прегледи

Швајцарскиот тенисер и трет носител на годинешниот Ролан Гарос, Рожер Федерер лесно се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Франција откако со 3:0 по сетови (6:2, 6:3, 6:3) беше поуспешен од Леонардо Мајер.

Федерер кој единствената титула во Париз ја има освоено во 2009 година ги доби првите два сета против аргентинскиот тенисер за само 67 минути, додека во третиот сет 68. светски тенисер пружи поголем отпор, но и тоа не беше доволно.

Швајцарскиот тенисер во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓунеговиот сонародник, Станислас Вавринка и грчкиот тенисер Стефанос Циципас.