Овошен колач со гриз

од desk2
510 прегледи

Уживајте во врвниот колач кој се топи во уста.

СОСТОЈКИ:
100 гр гриз
150 гр брашно
5 јајца
200 мл јогурт
кора од лимон
1 прашок за печиво
2 кесички ванилин шеќер
100 мл масло
100 гр шеќер
600 гр овошје (цреши)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Разматете јајца со шеќер, додајте брашно со гриз и прашок за печиво. Додајте масло, кора од лимон, јогурт, ванилин шеќер и добро измешајте.
Плехот обложете го со хартија за печење па ставете го тестото. Од горе распоредете цреши.
Печете на 190 степени 40-45 минути. Посипете со шеќер ароматизиран со ванила, па исечкајте на коцки.

Слични содржини