Клети се шиптарите, ама слатки им се парите!

од desk4
211 прегледи

Неспорен е фактот дека ракометарите (иако не сум голем фан на ракометот) успеаа да постигнат голем резултат.

Но веднаш по последниот свиреж на судијата наместо сите да се радуваме како што би се радувал секој нормален народ , почнаа традиционалните поделби кои низ цела историја оставиле белег на овие простори.
И по неколку дневно размислување и собирање впечатоци, онаа наратива “не мешајте политика и спорт” се повеќе ми личи на флоскула, излитена фраза без да се навлезе подетално во причините и последиците сега но и низ историјата кои несомнено покажуваат дека тие две работи не ретко оделе заедно . Од италијанските клубови кои се врзани со политички идеологии до навивачките групи кои играа голема улога во промовирање на национализмот кој подоцна ја распадна Југославија. Влијанието на политиката во спортот и обратно воопшто не е спорно, спорно е за кои цели тоа се прави. Историската емпирија не учи дека секогаш кога политиката влегувала во спортот со наратива за омраза и поделба тоа несомнено било со деструктивна цел. Така многу е симптоматично игнорирањето на сите институции и интересни страни на намерата од овој успех на Вардар да му се вметне наратива за поделби и раздор најпрво кон албанците како етничка група а после и помеѓу македонците кои би требало да се делат на ,,северџани” и македонци.
Зошто не се пренесе политичка порака за конечно ангажирање на инстуциите за чистење на реката чие име го носи клупот. Тоа сите би не обединило и во крајна линија подиректно би влијаело на животот и здравјето на луѓето што живеат тука од колку колективна смрт на цела етничка група. Зошто и кој дозволи прославата вчера која се одвиваше на повеќе јавни простори да има скандирање кое без сомнение можеше да ги навреди на само оние што преку медиуми ги добиваат информациите туку и некои од тие што славеле со скандирачите на истиот јавен простор. Замислете неколку албанци понесени од еуфоријата да тргнале да ги пречекаат ракометарите на аеродром. Стигаат таму и една лута толпа пее “мртов шиптар добар шиптар”.
Да бидам искрен не е дека не очекував отприлика ваков расплет на настаните. Прво ова група од неколку стотини вжештени глави отсекогаш промовирала говор на омраза , посакувала нечија смрт. Второ Столе Стоилов кој патем е капитен на тимот не еднаш се обидел политички да поентира од секоја укажана шанса( на пример кога му сметаше Албанскиот јазик на церомонија спортист на годината) каде патриотски кажал ова е срамота и го напуштил настанот.
Не пропушти прилика да не поентира политички и на самата прес конференција после напреварот каде се зборуваше за ракомет ама он ете ни порача дека ова е Македонија а не Северна , доволно за поделбите уште од тој миг да започнат.
Дали ми смета каузата на Столе? НЕ!
Дали мислам дека му е вистинска кауза? НЕ
Дали политички ја злоупотребува ? ДА
Зошто не ми смета каузата на Столе просто поради тоа што секој си има право на политички став. Но искористување на еден успех постигнат во колективен спорт во кој скоро сите се интернационалци за промоција на тој политички став во најмала рака личи на евтин спин кој потсеќа на златната доба на режимот. Не го видовме Столе а ниту го слушнавме на митинзите за одбрана на името на кој едвај се собираа по 50-тина луѓе. Не видовме Столе да ги игнорира институциите на Северна како Влада на СРМ, град Скопје и вила Водно, а уште помалку да ги одбие сретсвата од институциите што го носат името што тој не го прифаќа.
Памтам Марлон Брандо кога навистина сакаше да пренесе порака за односот на САД кон индијанците го одби оскарот и прати индијанка да го одржи говор наместо него.
Сепак сретствата доделени од институциите се и од клетите но претпоставувам дека се слатки. Затоа мислам дека оваа ситуација ја злоупотребува за дневно политички цели.
Столе е капитен на тимот, а капитен на тим е голема одговорност како на теренот така и надвор од од него. Капитенот во ниту еден момент повторувам во ниту еден момент не собра храброст да се огради од групата што мене лично и на моите сограѓани Албанци ни посакуваа смрт, не се одважи како вистински капитен да повика на сплотување и обединување. Наместо тоа Столе целекупниот вчерашен настан кој напоменувам требаше да биде славење на европска тутула го искористи за сопствено промовирање како голем патриот преку другите играчи кој едвај знаее по некој збор македонски ама сите знаее нели дека ова е Македонија, дека никогаш Северна секогаш Македонија.
Да резимирам во контекст на еден многу кул скопски графит кој вели: ,, и мажите плачат, и жените прдат! што во овој случај би бил и клетите плаќаат даноци, и шампионите усеруваат!/Либертас

Замир Мехмети

 

Слични содржини