Новата HBO серија “Чернобил” е потсетник за тоа колку сме опасни за себе и за природата. Целата приказна за катастрофата во Чернобил е тешка и сè уште бдее како предупредување за опасноста во која се наоѓа човештвото.
Во серијата ќе видите што е сокриено од јавноста, детали зошто и како се скриени фактите за несреќата, колку малку всушност значи човечкиот живот во Припјат во 1986 година.
Од една страна, ќе видите дека работниците во паника се обидуваат да ја спречат тековната катастрофа. Додека жителите на Припјат живеат нормално, гледајќи го чадот за кој веруваат дека е од едноставен оган.
Една од највпечатливите сцени е онаа во која децата играат и танцуваат на дожд со смртоносната пепел што паѓа врз нив. Таквите работи навистина се случиле.
Серијата открива детали што никој не ги знаел. Како приказната за тројцата волонтери кои се осудени на смрт, за да го спречат донесувањето до поголема катастрофа, по која половина Европа денес немаше да постои.

Според податоците на IMDb, Чернобил е највисоко оценето телевизиско производство во историјата на нивните рејтинзи. Оценката се базира на гласовите на сајтот, со максимум 10. Петте епизоди имаат рејтинг од 9.7.
Филмот го остави “Игра на престоли” на шестото место во овој престижен рејтинг, а “Во чевлите на Сатаната” е на петтото место.
Poлјатa нa зaмeник министерот нa Cовeтот нa миниcтpитe Бopиc Cчepбинa ја толкува Cтeлaн Cĸapcгapд, ĸoј му пpидaвa нa пapтискиот бoc oд Дoнбac cĸaндинaвcĸa eлeгaнтнocт. Во улогата на академик Легасов е Џаред Харис. Легасов е човекот кој во своите мемоари раскажува се што видел со очите и слушнал со ушите, а потоа се самоубива.