Премиер лига, и навивачите дел од ВАР-от

од desk2
140 прегледи

Навивачите на англиската премиер лига од следната сезона ќе бидат дел од ВАР системот за проверка.

Како што одлучиле челниците на англиската федерација, ВАР-от ќе биде емитуван на огромни екрани поставени на стадионите, така што и публиката ќе може да го видат донесувањето на конечната одлука од страна на судијата.

„Повторените и успорените снимки ќе бидат емитирани на големите видео ѕидови на стадионот, така што сите промени на одлуките на судиите ќе можат да се видат пред последниот свиреж“, се наведуваат англиските фудбалски власти.

Пред Англичаните, ВАР-системот го вовеле Шпанците, Италијаните и Германците, а премиерата на овој систем за проверка беше на Светското првенство во Русија.