Американскиот режисер Квентин Тарантино работи на екранизацијата на филм по мотивите на стрипот “Џанго / Зоро”, соопштува американскиот портал Collider.
Стрипот е напишан од самиот Тарантино и е пуштен од Dynamite Entertainment и DC Comics.
Американскиот комедијант и писател Џером Кармајкл ќе биде вклучен во проектот. Тој ќе го напише сценариото. Во моментов не е јасно дали Тарантино сам ќе го спроведе проектот или ќе го довери на некој друг.
Дејството на екранизацијата се развива неколку години по настаните во филмот “Џанго без окови”, кој собра на едно место ѕвезди од рангот на Кристоф Валц, Лео ди Каприо, Семјуел Џексон, Џејми Фокс.
Во лентата кратко, но незаборавно учество имаше и Франко Неро, кој ја исполни улогата на Џанго во истоимениот Вестерн од 1966 година, во режија на Серџо Корбучи.