НЕ правиме козметички прмени за да ја задоволиме јавноста туку за да внесеме нова енергија во тимската работа.

ВМРО ДПМНЕ е последната партија која може да не прашува за отчетност и кадровски промени, одговори вицепремиерката РАдмила Шеќеринска на обвинувањата на опозицијата дека ова не е никаква промена на ИО на СДСМ, во емисијата Топ Тема на Телма.
Тие ништо немаат сменето ниту прегорена сијалица, камо ли да се оградат од Никола Груевски, или од кој било друг нивни член. Ниту од еден не се оградија. НА таа партија треба да и е срам за овие работи, кога станува збор за каддовски промени. ВМРО ДПМНЕ не може да замисли да направи какви било промени.
Ние ја свативме пораката, најголема прпомена е што ги сменивме претседателите на општините на СДСМ, имаме над 40 нови, некои останаа исти. НАм ни беше цлета да извадиме некого па да викаме уааа, напротив ,ние сме тим , вели Шеќеринска , ние како тим победивме и на локални и на референдумот и на претседателските избори. Во таа процедура увидовме и слабости и тие се дел од партијата, и ние сме спремни да прифатиме критки и да се менуваме, но пред се да вмесеме нова енергија во партијата, истакна Шеќеринска.
И треб да да признаеме дека не сакаме да се споредуваме туку ние сме поинакви од ВМРО ДПМНЕ, учиме и од нивните и од нашите грешки, и тоа е ќе се согласите нова вредност на партијата, на одговорноста и на нас како власт.
НИе сме партија која може и кога е на власт да се менува, тоа го покажуваме. Не сме затворени само за партиски членови и на дело покажуваме дека не сакаме марионети , луѓе со кредибилитет и биографија, и така го збогатуваме раковввввоството на партијата.
Ова нема да бидат само козметички промени истакна вицепремиерката Радмила Шеќеринска, во Топ Тема на Телма.