“ЕУ, со недостаток на акција, ни кажува дека мора да живееме со инвазијата на муслиманите “, рече Басеску во телевизиското интервју.
Басеску, беше претседател на Романија во периодот 2004-2014 година. Тој беше шеф на балканската држава во јануари 2007 година, кога Романија се приклучи на ЕУ.
Како еден од двајцата кандидати од романската десноцентристичка партија “Народно движење”, Басеску коментираше дека миграциската прашање е една од битките во која планира да учествува во Брисел.
“Не мислам дека кризата од 2015 година е завршена , сега е во полн замав, повеќе разговори не се одржуваат , бидејќи речиси станаа доссдни”, вели тој.
Според него, војската во Медитеранот треба да се користи за враќање на мигрантите додека се во територијалните води на земјите од кои отпатувале.
Басеску смета дека ова е единствениот начин да се спречат и да се држи до правен статус додека се обидуваат да влезат во ЕУ илегално.
“Секоја земја треба да ја брани својата граница “, рече романскиот политичар.