Петар Атанасов сакаше да биде министер, јас не му дозволив и затоа е неговото пишување

На прашањето што всушнот опфаќа метлата, во вечерашното интервју за Тв Сител премиерот Заев прецизира дека ќе бидеат сменето преку 200 функционри
-Тука влегуваат локалните шерифи, дали претседатели на СДСМ или партиските органи, тука ќе се изредат нови потпретседатели, така започнавме, вели Заев. Големата бројка е од другите директорски места, потоа дел од заменички места, управни и надзорни одбори, се ке се менува се до врвот на министрите, ете така ја примивме поракта, и верувам дека успешно ги завршуваме реформите.
Ние сме за севкупна политичка промена се на се повеќе од 200 луѓе и се тоа ќе се заврши до крајот на јуни.
Во однос на пишувањата на заменик министерот кој се огласи на Фејсбук , Петар Атанасов , Заев многу прецизен:
-Петар Атанасов сакаше да биде министер, затоа е незадоволен, тоа се негови лични ставови.
Во образование јасно ги отворивме дебатите за да направиме вистински систем.
Учествуваат сите и отворено е за секого. Жалам што тој така го направи тоа и објасни, и сеа јас морам да кажам дека употребата на ваквите зборови е поради тоа што тој не доби министерска позиција. Тоа го бараше и не го доби, и тоа е тоа секој не може да биде министер, одговори Заев.