Овие хороскопски знаци најдолго го преболуваат раскинувањето

од desk2
261 прегледи

Крајот на врската може да биде многу тежок на еден од партнерите, со оглед на тоа што секој различно се води според емоциите. Според хороскопот, постојат три знаци чии припадници долго и тешко го поднесуваат раскинувањето.

И додека за едни тоа значи вртење нов лист во животот, постојат хороскопски знаци на кои им е многу тешко да го заборават минатото и потешко се носат со раскинувањето. Еве за кои станува збор:

Лав

Лавовите не го подаруваат нивното срце секому, но за човекот кој ќе успее да ги освои тие се подготвени на сè. Затоа, по раскинувањето со некој за кој мислеле дека ќе го делат остатокот од животот, поради страв повторно да не бидат повредени, многу потешко влегуваат во нова врска и ги кријат емоциите.

Стрелец

По природа Стрелците лесно се вљубуваат, но тешко стапуваат во сериозни врски. Штом еднаш се препуштат во целост и таа личност ги повреди и остави, стануваат многу повнимателни со луѓето и ги споредуваат потенцијалните партнери со бившиот.

Рак

Луѓето родени во овој знак тешко ги поднесуваат сите разделби, па и љубовните. Кога се во врска целосно се предадени на саканата личност и се склони кон идеализација, поради што раскинувањето обично им паѓа многу тешко.