Семејството на Горан Стефановски собира донации за изработка на скулптура на драматургот

од Марта Пешевска
249 прегледи

  

„Ги замолувам сите оние кои би сакале да се оствари идејата за клупа со Горан Стефановски во Дебар Маало да кликнат на овој линк, да видат за што се работи, да донираат ако се во можност и, најважно, да го препратат линкот… Сите по малку = многу е муабетот“, напиша Игор  на својот профил на Фејсбук.

По смртта на Стефановски и по иницијатива на МАНУ, Општина Центар најави дека во негова чест ќе направи спомен обележје кое ќе биде поставено во неговото омилено Дебар Маало во Скопје. Беше најавено и дека покрај дрвото ќе биде поставена клупа со скулптура од Стефановски.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ за СДК.мк изјави дека скултурата ќе чини 100.000 евра, за што треба да се распише тендар,  а сакајќи да помогне, Богдановиќ најавил и донаторска акција  за во август.