Дојчиновска Пеовска: Функционерите треба сами да внимаваат да не дојдат во конфликт на интереси

од Марта Пешевска
111 прегледи

Ставот на Антикорупциската комисија  е  дека постои конфликт на интереси во тоа премиерот да ја преземе и функцијата министер за финансии не е задоцнет, вели  за 1Тв ,Софка Дојчиновска Пеовска, член на ДКСК.

-Јавноста треба да знае дека Комисијата дејствува пост фестум и овој чекор, превентивно да укажеме на нешто што може да настане, а потоа да предизвика посериозни последици, е направен токму имајќи ја пред вид сериозноста на моментот. Ние го дадовме нашето соопштение до Собранието токму со тоа дека укажуваме на она што е утврдено во нашиот закон, којшто изрично ги набројува функциите што не може да се спојат една со друга, рече таа.

Таа нагласува дека на премиерот му било дадено време да постапи според законот, затоа што одговорноста да не дојде до судир или неспоивост на одредени функции е на функционерот, а не институционална. Не постапувале по претставка, туку одлуката е донесена по сериозна расправа во Антикорупциска.

-Не постои институционална одговорност да ѝ посочуваме на Владата да види што прави, предлог спротивен на законот. Не може и не треба да се постапува така. Ако го извртиме законот, ако ја извртиме функцијата на Комисијата, ќе излезе дека треба да трчаме по сите носители на функции и да ги опоменуваме. Треба да внимаваат во секој случај да не се најдат во судир на интереси. Ако не се сигурни, законот вели – прашајте, изјави  за 1ТВ ,Дојчиновска Пеовска,  и додава дека би било некоректно само да гледаат отстрана и да дозволат да се случи тоа.