Лето е, повеќе се потиме, а стапалата ни се затворени во обувки по најмалку 10 часа во денот.

Поради тоа може да се јави непријатна миризба во обувките. И за тоа има решение.
Прво, најважно е да не ги носите истите обувки два дена по ред, за да може убаво да се исушат и проветрат. Исто така, не ги затворајте обувките во кутии или сандачиња пред да бидат целосно исушени.
За да се ослободите од непријатната миризба, ставете неколку филтер кесички чај што ќе ги апсорбираат влагата и мирисите. Доволно е да ги оставите на суво место во текот на ноќта, а може и подолго. Не е важно каков чај ќе изберете.
https://www.youtube.com/watch?v=EprA2tmJb84