Лажни полицајци во Швајцарија измамиле жена за 3,25 милиони евра

од desk2
111 прегледи

Лажни полицајци успеале да земат 3,25 милиони евра од жена во Цирих, убедувајќи ја дека ја чуваат од крадци.

Според соопштението од полицијата, крадците со месеци се подготвувале за измамата. Првиот контакт е остварен во ноември кога една жена се претставила како полицаец на жртвата, објаснувајќи дека се води истрага за мрежа криминалци кои заедно со вработените во банката крадат пари. На жртвата ѝ било кажано дека и нејзините пари се потенцијална мета за крадење.

Во следните месеци жената секој ден добивала телефонски повици од крадците кои ја советувале да не каже никому, за истрагата да не биде загрозена. Крадците потоа барале од жената преку електронски пат редовно да им префрла одредена сума пари, за да ѝ ги чуваат.

На крајот, полицијата открила дека на тој начин жената во текот на неколку месеци им дала вкупно 3,25 милиони евра.