На денешните локални избори во Албанија во земјата се чустува максилано тензична атмосфера ,поради противењето на опозицијата за одржување на изборите . Од синока војската го започна обезбедувањето на главните институции во Тирана , а албанското МВР соопшти дека во обезбедувањето на гласачките места денеска се ангажирани 8 илјади полицајци.

Има повредени полицајци новинари и членови на опопзицијата . Вчера и деновите се нападнати ОИК и во неколку други градови во земјата . Протести се одржани во градови каде што десницата ја има локалната власт. Во истите градови особено Скадар , градоначалниците на Демократската партија ставија клуч на објектите во кои е предвидено да се одржи гласањето . Полицијата само во последните два дена има притворено околу 6о милитанти на десницата кои учестувале во нападите на седиштата на изборниете комисии . Меѓу нив има и еден градоначалник на Поградец.
ОБСЕ-ОДХИР и странските амбасади оценуваат дека состојбата е напнатра и бараат коректност и мирни избори . Поради оваа оценка Амбасадата на САД во Тирана побара од политичките партии да не се обидат да го спречат одржувањето на изборите . Оваа порака особено е упатена на адреса на Демократите на Лулзим Баша . Во соопштението се наведува дека ако опозицијата примени насилство – САД ке примени мерки за внесување во црната лисата на лидерите на десницата . Слична е и оценката на амбасдадорите на земјите на ЕУ, кои за денеска побараа мирни и коректни избори без насилства .
Локални избори во Албанија во тензичка атмосфера, опозицијата бојкотира
Државната изборна комисија на Албанија информираше дека на денечните локални избори на списоците има 3,4 милиони гласачи.