Кула мостот денеска ја прославува 125 -та годишнина . Мостот над Темза беше официјално отворен на 30 јуни 1894 година од принцот од Велс, кој подоцна станал крал Едвард VII и неговата сопруга Александра.
“Јас би го нарекол Tower Bridge, веројатно една од најпрепознатливите градби во светот”, рече директорот на мостот Крис Ерли. Во 2018 година, Култниот т мост беше посетен од рекорден број луѓе – 865 000. Тоа се луѓе кои купиле билет за пешачките галерии лоцирани на надморска височина од 43,5 м.Невозможно е да се пресмета колку од 37,4 милиони туристи , кои го посетија Лондон во 2018 година, направија заедничка посета и фотка со мостот.
“Овој мост е една од главните визитки на Лондон, ако не и на целата Велика Британија, но не треба да заборавиме дека првично тоа беше огромна парна машина, изградена со многу практични цели дури во Викторијански стил”, рече менаџерот за развој на Тауер бриџ – Дирк Бенет.
Можат да се видат парни механизми со капацитет од 360 коњски сили , кои го покренуваат двете крилја на мостот за преминување на бродови до 1972 година, а подоцна ќе бидат заменети со електричен погон.
Парните машини се наоѓаат во музејот на јужната страна на мостот.