Со промоција на романот „Бдеењето над себе“, синоќа започна делчевското културно лето. Автор на романот е младата Дијана Петровска, која за делото е добитник на Признание за афирмација на македонскиот јазик и литература, од издавачот „Нов Вавилон“ од Битола.
За Петрова која е дипломиран книжевник по потекло од Делчево, беше чест нејзиното првенче, да се промовира во родниот град.