И тоа е 4. Јули – натпревар во јадење хот-дог

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Во рамките на одбележувањето на Денот на независноста на САД, натпреварувачи ќе изедат стотици хот-дог сендвичи и земички на традиционалниот годишен натпревар на кејот на Кони Ајленд во Њујорк.

Џо Чеснат од Калифорнија, кој победи 11 пати, ќе се соочи со 17 противници за да одбрани минатогодишен рекорд од 74 изедени виршли и земички за 10 минути.

Во женска конкуренција Мики Судо од Лас Вегас се надева дека ќе ја освои шестата титула по ред. Минатата година таа изеде 37 виршли.

Чеснат е тежок 98 килограми, додека Мики Судо има 52 кг.

Првите пет натпреварувачи од двата пола ќе поделат 40.000 долари.Двајцата првопласирани добиваат по 10.000 долари.