Меланија Трамп доби статуа во родна Словенија, локалните жители велат дека не личи на неа

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Првата дама на САД Меланија Трамп беше почестенa со дрвена статуа во природна големина во близина на градот Севница во Словенија каде што пораснала, но локалните жители велат дека оваа статуа е „срамота”.

Првата статуа на Меланија Трамп во нејзината родна земја беше осмислена од американскиот уметник Бред Дауни кој го ангажираше локалниот уметник Алес Зупевц, познат како Макси, за да ја изработи од дрво и постави покрај реката Сава.

Статуата воопшто не изгледа како првата дама, но, според ИТВ, барем здолништето во светло сина боја е во вистинска боја како и онаа во која Меланија се појави при претседателската инаугурација на нејзиниот сопруг, Доналд Трамп.

Цртите на лицето изгледаат како да биле нацртани од дете, изразот на лицето е намрштен, а облиците на телото се недефинирани. Статуата „мавта” со левата рака.

Локалните жители, иако се горди на неа воопшто не се задоволни со сличноста на статуата со Меланија Трамп.

„Воопшто не изгледа како Меланија. Личи на Штрумфета. Тоа е срамота “, рече еден од жителите кои се собраа на откривањето на статуата.

Слични содржини