Повеќе од еден на четворица државјани на ЕУ не може да си дозволат одмор , покажуваат статистичките податоци на Евростат за минатата година.. Најголем процент на оние кои се принудени да останат во своите домови, се во Романија , а врвот  за туризмот се Швеѓаните.

Еднонеделните одмори далеку од дома останува неостварливи желба за 28% од 514 милиони жители на ЕУ. 

Родители кои сами ги одгледуваат своите деца, имаат уште помала можност за одмор – просек 44% не можат да си го дозволат.

Највисок процент на самохраните родители се во Кипар (72%), Унгарија (63 отсто), Романија (59%) и Велика Британија (57%).

Еуростат покажа дека минатата година само 9,7 отсто од Швеѓаните биле принудени да останат во своите домови.

Романците (58,9 проценти) и Хрватите (51,3 проценти) имаат најмала можност .

Во Германија само 14,7% од населението не може да си дозволи одмор.

Австрија, Холандија и Данска се на слично ниво.

Во Франција оваа група брои 22,6% од населението, 22,5% за Велика Британија, 34,2% за Шпанија и 43,7% за Италија.