Комисијата за политички прашања и безбедноста на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа усвои резолуција, со која ги осудуваат активностите на Русија во Крим и во Керченскиот теснец, соопшти Дојче веле.

Документот е насловен “милитаризирање од Руската Федерација на привремено окупирана Автономна Република Крим и градот Севастопол, Украина, Црно и Азовско Море”.

Резолуцијата беше усвоена со гласови од 54 члената комисијата , шест се спротивставија, уште шестмина беа воздржани.

Комисијата донесе позитивна одлука, ” и покрај жестоката опозиција” на руските функционери, напиша  украинскиот пратеник Артур Герасимов на Фејсбук.

Во документот се наведува дека ОБСЕ “повторно изјавува целосна поддршка за суверенитетот” и територијалниот интегритет на Украина “во меѓународно признатите граници ги опфаќа Автономна Република Крим, градот Севастопол и морските територии”. Заедно со ова комисијата повикува Русија да  му го врати Крим на Украина .

Во резолуцијата се наведува зголемената милитаризација на Азовско и на Црното Море од страна на Москва и се осудуваат активностите на Русија во Керченскиот теснец при приведувањето на украинските бродови и екипи, на крајот на 2018 година Тие се дефинирани како ” непредизвикан  чин на вооружена агресија и неоправдана диспропорционална употреба на сила “од страна на Руската Федерација. 

Нацрт-резолуцијата бара ослободување на заробените морнари.