Се ожени Гeрет Беjл, забранет влез за семејството на невестата

од desk2
109 прегледи

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, се ожени со својата долгогодишна сакана Ема Рис- Џоунс на церемонија, затворена за медиумите на мал остров во близина на Мајорка.


Двојката го кажа судбоносното ДА пред само околу 60 гости , блиски роднини и пријатели. За свадбата било изнајмено посебно обезбедување, се верува поради семејната драма што последниве години ја преживува Ема.

Нејзиниот татко ја отслужи шестгодишната казна затвор поради измами и перење пари, а другите членови на семејството се дел од криминал и се занимаваат со дилање дрога.

На свадбата не беа повикани ниту бабата и дедото на Ема, кои ја одгледале , најверојатно зашто таа им е лута што поради нив со години се одлага венчавката.

Свадбата требаше да се одржи лани во Тоскана, но беше откажано поради катастрофално лошите односи во семејството на Ема. По излегувањето од затвор, нејзиниот татко почнал да живее со руска цвеќарка, што дополнително ја изнервирало Ема.

Минатата година на свадбата требаше да пее Бијонсе, но целата прослава се откажа.

Гарет Бејл и Ема се во врска од средношколските денови. Имаат две деца и ретко се појавуваат заедно во јавност. Се знае за неа дека на почетокот на кариерата на славниот фудбалер работела како фризерка во Кардиф.

Слични содржини