Премиерот Зоран Заев утре ќе се сретне со рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, пренесува тв24 повикувајќи се на информации добиени од висок владин функционер.

Тој тврди дека состанокот на премиерот со рускиот амбасадор бил договорен уште мината недела. но тајмингот се поклопува со објавувањето на разговорите на премиерот со руските комичари, кои Заев ги обвини дека се дел од анти-нато структури. А токму случувањата со руските „пранкери“ ќе се најдат на маса меѓу Заев и Баздникин.