На аукција се најде приватна преписка меѓу Тупак и Мадона, кои биле во врска пред 24 години.
Писмото е дел од колекцијата интимни предмети на поп кралицата Мадона, вклучувајќи и нејзини касети и четки за коса со прамени од нејзина коса, поставени на аукција од нејзината поранешна пријателка Дарлен Лац.
Понудата за писмото во кое Тупак раскинува со Мадона достигна износ од 100.000 долари во јули, 2017 година. Но, поради спорот со пејачката, документот остана во тајност. Денес, ова писмо конечно се најде на аукција со таа почетна цена.
Писмото е напишано една година пред смртта на Тупак, додека беше во затвор во 1995 година.
Мадона во јули 2016 година влијаеше продажбата привремено да биде запрена, говорејќи во судот во Њујорк дека нејзиниот статус на славна личност не го поништува правото да ја задржи приватноста, вклучувајќи ги и нејзините лични предмети.
Онлајн аукцијата ќе почне на 17 јули, пишува Independent.